Дома Фудбал Бускетс крена бело знаме: Малку е веројатно Реал да загуби 4 бода

Бускетс крена бело знаме: Малку е веројатно Реал да загуби 4 бода

Играчот за врска на Барселона, Серхио Бускетс после синоќешното реми со Атлетико Мадрид признава дека шансите за титулата се минимални.

Бускетс крена „бело знаме“ и тврди дека е малку веројатно Реал Мадрид да загуби четири бода до крајот на сезоната.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Тешко дека ќе стигнеме до титулата. Испуштивме многу бодови. Малку веројатно е Реал Мадрид да загуби четири бода, бидејќи играта добро. Ако го победат Гетафе ќе се оддалечат на табелата, но ние нема да се откажеме и ќе се обидеме да ги победиме сите натпревари до крај. Додека е математички можно ќе се бориме, но ќе биде тешко“, изјави Бускетс.

Ако утре тимот на Зидан го победи Гетафе ќе се оддалечи на 4 бода, а има и подобар меѓусебен скор со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јокиќ донесе посебна одлука: Нема повеќе да… (Видео)

Никола Јокиќ повторно ја воодушеви НБА лигата – трипл-дабл за само 22 минути и побед…