Дома Топ вести Бурно лето во Мадрид: Еве кој заминува, а кој пристигнува!

Бурно лето во Мадрид: Еве кој заминува, а кој пристигнува!

Реал Мадрид сигурно ќе биде еден од најактивните клубови во текот на летниот преоден рок. Се очекуа неколку ѕвезди да го напуштат „Сантиаго Бернабеу“ и да пристигнат нови, скапи засилувања.

Но „кралевите“ сигурно ќе внимаваат да останат во границите на финансискиот фер-плеј за потоа да не добијат некакви санкции. Според информациите од Шпанија имаат план според кој ќе ги купат потребните засилувања и ќе останат во дозволените граници. Планот на Реал е да продаде играчи и да додаде уште 100 милиони евра со што би се затворила реконструкцијата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наводно, во Реал ќе се обидат да инкасираат 200 милиони евра од играчи кои Зидан ги смета за непотребни, а ако го дадеме горенаведеното доаѓаме до бројка од 300 милиони евра. Тука не се пресметани сумите на Родриго и Милитао играчи кои Реал веќе ги обезбеди за вкупни 95 милиони евра. Станува збор за дополнителни 300 милиони.

Раководството на „кралевите“ има намера да ги продаде: Герет Бејл, Дани Себаљос, Кејлор Навас, Маркос Љоренте, Маријано Диаз, Мартин Одегард… И на тој начин да заработи околу 200 милиони евра. Повеќе од половина од тие 300 милиони би можеле да бидат потрошени на Еден Азар и Лука Јовиќ кои се блиску до трансфер во Мадрид.

За Белгиецот и Србинот Реал би потрошил помеѓу 150 и 200 милиони евра. Исто така се очекува доаѓање на уште еден играч за врска, за таа позиција засега најмногу се споменуваат Пол Погба и Кристиан Ериксен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…