Дома Трансфер зона Бурно е во Париз: ПСЖ донел одлука за Нејмар, не е сигурен и Меси?!

Бурно е во Париз: ПСЖ донел одлука за Нејмар, не е сигурен и Меси?!

ПСЖ утре го очекува натпревар против Баерн Минхен во осминафиналето од Лигата на шампионите, а натпреварот за гигантот од Париз не доаѓа баш во најдобар момент.

Шеиците од Париз вложија над милијарда евра за ПСЖ да ја освои Лигата на шампионите, но на овој толку посакуван трофеј се уште чекаат. Против Баерн, иако имаше најави сепак во составот ќе биде Килијан Мбапе.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот за ПСЖ доаѓа после поразите од Монако во Лига 1 и елиминацијата од Купот од Марсеј, а по последниот натпревар во саботата против Монако (1:3) Французите пишуваа за голем скандал во соблекувалната на „светците“.

Наводно дошло до голема расправија, па и физички контакт помеѓу Нејмар и спортскиот директор Луис Кампос кој бил незадоволен од она што фудбалерите го прикажале на теренот и ги критикувал.

Денес „Ле Парисиен“ објави дека по овие најнови случувања во ПСЖ донеле одлука дека е најдобро Нејмар да го напушти клубот бидејќи внесувал немир во соблекувалната. ПСЖ наводно на лето ќе го стави на трансфер листата. Ќе потсетиме, Бразилецот во Париз дојде од Барселона за 222 милиони евра.

Исто така се појави и информација дека Меси во овој момент е поблиску до одлука да не го продолжи договорот со гигантот од Париз. Поради сето ова јасно е дека натпреварот против Баерн доаѓа во многу лош момент, а евентуална елиминација веројатно ќе донесе хаос во соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…