Дома Трансфер зона Бурно во Реал: Зидан итно бара нов напаѓач!

Бурно во Реал: Зидан итно бара нов напаѓач!

Актуелниот трансфер период е еден од најинтересните во последните 20 години.

Во моментов, во фокусот се два клуба: Барселона и Ливерпул и најмногу се исчекува развојот во ситуацијата со засилувањата на двата клуба, но и доаѓањето на Филипе Кутињо во Барса.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Меѓутоа, нешто се случува и со Реал. По информацијата дека Бејл би можел да заврши во Јунајтед, шпанските медиуми денеска донесуваат нови вести. Имено, Зидан бара нов резервен напаѓач, но јасно е дека нема ништо посебно да промени во нападот. Французинот побарал од Перез до крајот на трансфер периодот да доведе квалитетно засилување во одбраната, односно на местото на централен дефанзивец.

Французинот најави дека во финишот од трансфер периодот нема да бара светско засилување во нападот, можеби некој од категоријата напаѓач кој не се котира како суперѕвезда, но доволно добро да ја оправда довербата која ќе му се укаже.

Исто така, Зидан ќе бара и дефанзивец. Серхио Рамос често мора да си оди на ладење поради црвените картони, а и годините го прават своето. Варан често се мачи со повредите, па така Зидан сака некоја замена во одбраната.

На метата на Реал наводно се Емерик Лапорт, Иниго Мартинез и Маркињос. Атлетик бара 50 милиони евра за Лапорт, а Реал Сосиедад за Мартинез помеѓу 30 и 35 милиони, додека ПСЖ нема така лесно да го пушти Маркињос, дури и доколку Реал понуди повеќе од 50 милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн Минхен ја сака ѕвездата на Евертон

Винсент Компани работи на засилување на тимот за следната сезона и сака во Баерн Минхен да…