Дома Фудбал Останато Букмејкерите веќе знаат кој ќе ја освои „Златната топка“

Букмејкерите веќе знаат кој ќе ја освои „Златната топка“

Букмејкерите, односно луѓето кои ги одредуваат коефициентите помалку или повеќе се сложуваат кога во прашање е Златната топка за оваа сезона.

Ако веруваме на нивните прогнози тогаш наградата за играч на сезоната ќе заврши во рацете на Лионел Меси!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Аргентинецот се промовираше во главен фаворит за освојување на оваа награда откако со својата репрезентација ја освои Копа Америка каде што беше прогласен и за најдобар играч на турнирот.
Кога во прашање е клупското ниво, со Барселона го освои Кралскиот куп, без Ла Лига останаа поради очајниот финиш на сезоната. Во Примера Меси постигна 30 голови.

Од останатите кандидати изгледа дека никој немаше доволно силна сезона.

Нејмар и Мбапе го освоија само Купот на Франција, Бразил изгуби во финалето на Копа Америка од Аргентина, Франција не се прослави на ЕП. Кристиано Роналдо тешко дека ќе биде и во потесниот избор. Јувентус заврши како четврти во Серија, Порто рано ги елиминираше во ЛШ, а и со Португалија на ЕП не стигна далеку. Иако треба да се спомене дека сепак Роналдо е најдобар стрелец на Европското првенство, има ист број на голови со Патрик Шик, но асот на ЈУвентус има асистенција повеќе.

Доколку Меси стигне до Златната топка, тогаш таа ќе биде негова седма и ќе има две повеќе во однос на Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе не погодува ни од пенал, Реал тоне🎥

Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Ливерпул и додатно ја продлабочи кризата, а во Лигат…