Дома Фудбал Останато Бугарите се служеле со „селска финта“, Мурињо објасни зошто Карагарен добил втор жолт картон

Бугарите се служеле со „селска финта“, Мурињо објасни зошто Карагарен добил втор жолт картон

Локо Пловдив вчера беше на пат да приреди сензација во квалификациите од Лигата на Европа. Бугарите имаа предност од 1:0, но се срушија во финишот кога примија два гола откако добија два црвени картони.

По еден корнер топката од гол линијата со рака ја расчисти еден од фудбалерите на бугарскиот тим, па беше досуден пенал за Тотенхем.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поради таа ситуација Карагарен доби втор жолт картон и го заврши натпреварот. Кејн го реализираше пеналот и погоди за 1:1, набрзо потоа Ндомбеле стрелаше за целосен пресврт.

Карагарен не добил жолт картон за играњето со рака, туку затоа што се служел со „селски“ финти. Имено, Мурињо после натпреварот потенцираше дека вториот жолт картон на Карагарен бил затоа што копал дупка пред белата точка за да му ја отежни работата на Кејн.

„Еден од фудбалерите копаше дупка пред белата точка и затоа доби втор жолт картон“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов проблем за Анчелоти: Се повреди и Винисиус, познато колку ќе паузира

Реал Мадрид не е толку далеку од Барселона на врвот во Ла Лига и „кралевите“ имаат четири …