Дома Фудбал Англија Брутална казна за Митровиќ поради напад на судијата

Брутална казна за Митровиќ поради напад на судијата

Напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ е казнет со осум натпревари суспензија поради инцидентот од ФА Купот помеѓу Манчестер Јунајтед и Фулам.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Српскиот фудбалер остро му приговори на судијата Крис Кавана, а потоа го оттурна и доби црвен картон. 

ФА немаше милост и му изрече драконска казна од 8 натпревари суспензија. Ова е една од најстрогите казни во фудбалот, а многумина ја споредуваат со казната што ја доби Суарез кога расно го навредуваше Патрис Евра.

Казнет е и менаџерот на Фулам, Марко Силва, кој ќе мора да пропушти два меча.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дали в недела ќе го видиме најголемиот скандал на Мундијалите од 1982 година?

Рано наутро во недела би можеле да бидеме сведоци на нов спортски скандал на Светското прв…