Дома Фудбал Англија Бруно Фернандес: Веруваме во нашиот тренер и му даваме поддршка

Бруно Фернандес: Веруваме во нашиот тренер и му даваме поддршка

Плејмејкерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш јавно му даде поддрка на тренерот Оле Гунер Солскјер.

Португалецот изјави дека целиот тим верува во Оле и му дава поддршка.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Очигледно е дека сме позади него и му даваме поддршка, тој е нашиот тренер. Секојдневно ги следиме неговите идеи и ќе продолжиме да го правиме тоа. Веруваме во нашиот тренер и треба да го правиме тоа што тој ни го кажува. Оле е тука веќе три години и резултатите на напредок се очигледни. Вистина е дека се уште ништо не сме освоиле, но тимот покажа дека многу напредуваше“, изјави Фернандеш.

Манчестер Јунајтед синоќа победи на драматичен начин против Аталанта во ЛШ, иако на полувремето имаше негатива од два гола.

Резултатите на тимот во последно време не се добри, па често се шпекулира дека Солскјер може да добие отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Младата сензација на Арсенал постави нов премиерлигашки рекорд

Арсенал обезбеди, како што изгледа, клучен чекор кон титулата со победата над Евертон (2:0…