Дома Фудбал Италија Бројките велат: Ова е најлошиот Роналдо во последните 10 години!

Бројките велат: Ова е најлошиот Роналдо во последните 10 години!

Кога се фудбалски вонземјанец како Кристиано Роналдо или Лионел Меси тогаш нормалните бројки за вас не се нормални. Наметнати се стандарди само за вас и на кои останатите играчи не можат да се доближат.

Она што е успех за останатите фудбалери кај Роналдо и Меси е просек. Од нив се очекува да ги поместуваат границите секоја сезона. Но и на тоа ќе мора да дојде крајот. Можеби кај Кристиано Роналдо веќе започна падот.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Иако во 34 години изгледа совршено и е спремен како командос, Роналдо оваа сезона не е на нивото од претходните. Бројките тоа јасно го покажуваат. Можеби трансферот во друга земја го направи своето. Иако многумина ќе кажат дека италијанската лига е послаба по квалитет од Примера, во Серија А голови се постигнуваат многу потешко. Одбраната е посилна, се игра по затворено, а покрај Јувентус не е екипа која ја полни мрежата до врв на ривалот.

Роналдо на 42 натпревари во сите натпреварувања во Јувентус (Серија А, Куп на Италија, Лига на шампиони и Суперкуп на Италија) постигна 28 голови. На теренот помина вкупно 3.556 минути. Најлоша сезона до оваа му беше дебитантската во Реал кога постигна 35 голови на 33 натпревари. И тогаш мораше да се навикнува на новиот клуб, лигата, земјата и поинаквиот фудбал во однос на Премиер лигата. Имаше и проблеми со повреда поради која пропушти 10 натпревари, но успеа да постигне 33 гола. Меѓутоа тие 33 гола ги постигна на седум натпревари помалку отколку оваа сезона.

И во оваа сезона Роналдо имаше проблем со повреда поради која пропушти пет натпревари во Серија А, а доколку ги одиграше веројатно ќе ја надминеше границата од 30 голови.

Просекот на голови по минута е нешто во кое е драстично полош. Минатата сезона постигнуваше гол на секои 83 минтуи на теренот, а оваа сезона Роналдо погодува на секои 127 минути. Постигнува 0.67 голови по натпревар што е далеку од оние бројки од Реал.

Никогаш од доаѓањето од заминувањето од Манчестер Јунајтед немал сезона во која не постигнал барем 30 голови. Најслаба му беше дебитантската во Реал со 33 гола. Подоцна постигнуваше: 53, 60, 55, 51, 61, 51, 42 и во минатата 44. Значи во повеќе од половина ја надминуваше границата од 50 голови.

Роналдо до крајот има уште два натпревари да го поправи учинокот и да ја помине границата од 30 голови. Ривали му се Аталанта и Сампдорија. Борбата за прв стрелец во Серија А скоро да ја изгуби од Фабио Кваљарела кој има 26 голови наспроти Роналдо кој има 21.

После овие бројки и неуспехот кој го доживеа во Европа извесно е дека Роналдо нема да биде помеѓу кандидатите за „Златната топка“ оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познато колку Јунајтед треба да му плати на Тен Хаг ако го отпушти

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе треба да исплати отштета од околу 17,5 милиони фунт…