Дома Фудбал Англија Брентфорд со гол во 98. минута го шокираше Манчестер Сити! 🎥

Брентфорд со гол во 98. минута го шокираше Манчестер Сити! 🎥

Брентфорд го шокираше Манчестер Сити и со гол во 98. минута славеше победа на „Етихад“ од 1:2.

Одличниот Иван Тони го доведе Брентфорд во водство после само 16 минути игра. Тимот на Пеп Гвардиола успеа да изедначи на 1:1 во судиското продолжение од првото полувреме со голот на Фил Фоден.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Стоеше 1:1 на семафорот се до самата завршница. Главниот судија на натпреварот даде дури 10 минути судиско продолжение. Додека Сити се обидуваше да дојде до победнички гол следуваше ви стински шок во 98. Минута. Во една одлична контра на гостите повтроно реализатор беше Иван Тони и со својот втор гол донесе победа за Брентфорд.

Треба да се спомене дека ова беше прв пораз на домашен терен за Манчестер Сити во Премиер лигата после февруари оваа година кога Тотенхем се радуваше на „Етихад“. Поразот за Сити е одлична вест за Арсенал кој ако победи денес со Вулвс ќе оди на плус пет на лидерската позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Контроверзен црвен картон на Валверде ги разлути навивачите на Реал Мадрид

Дербито во Мадрид секогаш носи големи емоции, а синоќешниот возбудлив натпревар само ја ра…