Дома Фудбал Италија Брат му работи во Јувентус, татко му бил вмешан во „Калчополи“, а тој ќе му суди на Интер!?

Брат му работи во Јувентус, татко му бил вмешан во „Калчополи“, а тој ќе му суди на Интер!?

Во Италија повторно се појави тема за да се коментира регуларноста на првенството и повторно обвинуван е тимот кој долги години доминира на „Чизмата“, Јувентус.

Медиумите во Италија објавија дека на Интер во саботниот натпревар против Џенова ќе му суди братот на менаџерот на стадионот на Јувентус во Торино. Навивачите на Интер се гневни и упатуваа критики на социјалните мрежи, претпоставувајќи дека ова е очигледна намера и обид да се наштети на „нероаѕурите“. Клубот од Милано засега официјално не се огласил.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


На Интер против Џенова ќе му суди Лука Паирето кој е брат на Алберто Паирето, менаџер на стадионот на Јувентус.

За се да биде уште повеќе скандалозно татко на Лука и Алберто е Пјерлуиџи Паирето кој беше вмешан во познатиот скандал „Калчополи“.

Останува да се чека официјална реакција од Интер или пак некое објаснување од Јувентус кое медиумите на Апенините сигурно ќе го бараат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…