Денес на програмата на Светското првенство има четири натпревари, а секако најголемо внимание привлекува дуелот помеѓу фаворитот Бразил и незгодната Србија.
Ова е натпревар од Групата Г каде уште се наоѓаат селекците на Швајцарија и Камерун. Бразил важи како апсолутен фаворит , додека останатите репрезентации ќе водат рамноправна битка за второто место во групата.
Кариоките доаѓаат во Катар по „Божицата“
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како и на секој Мундијал и овој пат главна цел на Бразилците ќе биде освојување на најпрестижниот фудбалски пехар. Две децении големиот Бразил чека на светската круна, па се чини дека оваа генерација е зрела за да се искачи на врвот на светот. И букмејкерите веруваат во Кариоките, па квотата за шампион на Бразил е најмала и важат за први фаворити. До ова Светско првенство избраниците на Тите дојдоа без поголеми проблеми и тоа како првопласирани во квалификациите.Што се однесува до составот и овој пат сите очи ќе бидат вперени во најголемата ѕвезда, Нејмар, но тука се и Габриел Жезус, Винисиус, Касемиро, Тиаго Силва кои се „костур“ на тимот. Ова е барем на хартија најсилната селекција на Мундијалот, па останува да видиме дали ќе се поклопат коцките за Бразилците да дојдат до својата шеста титула светски шампион.
Србија со голем оптимизам пристигна во Катар
Се чини дека селекторот Драган Стојковиќ – Пикси ја „препороди“ селекцијата од нашето соседство. Србија во квалификациите заврши на првото место, пред Португалија и со победата во Лисабон покажа дека конечно е спремна за големи нешта на Мундијалот. Србите немаа среќа во ждребот, па во првиот меч го добија Бразил, кој нема пораз на стартот на еден Мундијал цели 88 години. Се чини дека Србија конечно има генерација со која може да се надевам на успех и поради тоа со голем оптимизам пристигна во Катар. Александар Митровиќ кој блеска во Премиер лигата, Душан Влаховиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ се светска класа, а не треба да се заборави и капитенот Душан Тадиќ. Само еден играч им доаѓа од домашното првенство, тоа е талентираниот Страхиња Ераковиќ од Црвена Звезда, а сите останати на списокот се интернационалци, притоа атмосферата во тимот е одлична. После квалификациите, Србија продолжи со добрите партии и во Лигата на нации, а пред Мундијалот одигра еден пријатески меч и ги доби убедливо. Поради тоа многумина ја сметаат оваа селекција како „фаворит од сенка“, па доколку се пласира во нокаут фазата, ќе биде тврд орев за сите репрезентации. Селекторот Пикси е полн со самодоверба, знае дека располага со силен тим и помалку препотентно изјави дека не се плаши од никого.
Очекување
Бразил е голем фаворит, но ова Светско првенство покажа дека нема лесни победи и слаби репрезентации. Србија секако има квалитет да му направи проблем на „кариоките“, па очекуваме неизвесен меч со голови на двете страни.
Веројатни состави:
Србија: Вања Милинковиќ-Савиќ, Миленковиќ, С.Митровиќ, Павловиќ, Лазовиќ, Костиќ, Лукиќ, Гудељ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Влаховиќ.
Бразил: Алисон, Данило, Маркињос, Тиаго Силва, Алекс Сандро, Фред, Каземиро, Пакета, Нејмар, Рафиња, Ричарлисон.