Дома Останати Кошарка Бо се држи и на 33 години: Мекејлеб играч на колото во АЦБ лигата (ВИДЕО)

Бо се држи и на 33 години: Мекејлеб играч на колото во АЦБ лигата (ВИДЕО)

Сарагоса во неделата го совлада Хувентуд со 112:66, а најдобар на натпреварот беше човекот кој со „златни букви“ се запиша во историјата на македонската кошарка – Лестер Бо Мекејлеб

Мекејлеб денес има 33 години, но и понатаму знае да одигра одличен натпревар. Против Хувентуд постигна 21 поен (4/4 за еден, 4/5 за два и 3/3 за три).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ваквиот учинок на Мекејлеб му беше доволен за да биде избран за играч на колото во АЦБ лигата.

За Мекејлеб ова е трета сезона во АЦБ лигата, а ова му е прв пат да стигне до вакво признание.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер пренесе нови лоши вести за повредата на Јокиќ

Денвер Нагетс пренесоа нови лоши вести поврзани со состојбата на повредата на Никола Јокиќ…