Манчестер Јунајтед ќе треба да го совори трансфер рекордот во Премиер лигата дококу сака да го доведе Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.
Англиските медиуми информираат дека Дортмунд ја одредила цената за својата ѕвезда и нема да го пушти Санчо за сума помала од 130 милиони евра (115 милиони фунти).
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Медиумите тврдат дека Манчестер Јунајтед е скептичен да ја плати оваа сума, иако Санчо е трансфер цел број еден на „црвените ѓаволи“. Од „Олд Трафорд“ сакаат да почекаат и да видат како ќе се развива ситуацијата со трансферите ова лето, бидејќи се очекува цената на фудбалерите да падне после пандемијата.
Во моментов рекордот за најскап фудбалер во Премиер лигата го држи Пол Погба, кој во 2016 година се пресели во Јунајтед за 89 милиони фунти. Второто и третото место на најскапи трансфери се Хари Мегваер и Ромелу Лукаку.