Дома Трансфер зона Борусија Дортмунд купува стопер за 30 милиони евра

Борусија Дортмунд купува стопер за 30 милиони евра

Првата асоцијација на Борусија Дортмунд за преодниот рок е Ерлинг Халанд, но во Борусија работат и на тимот за наредната сезона.

После доаѓањето на Никлас Зуле од Баерн Минхен новиот спортски директор на Борусија Дортмунд Себастијан Кел завршил уште еден летен трансфер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Нов фудбалер на вицешампионот на Германија ќе биде фудбалерот на Фрајбург, стоперот Нико Шлотербек, пренесува експертот за трансфери Фабрицио Романо.

Младиот стопер игра одлично оваа сезона во Фрајбург и стигна до репрезентацијата на Германија. Борусија ги следеше неговите настапи и одлучи да го доведе на „Вестфален“. Преговорите се воделе неколку месеци, а наскоро се ќе биде официјализирано.

Очекувањата се Борусија да плати 30 милиони евра за 22-годишниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…