„Чудото од дете“ на Борусија Дортмунд, 18-годишниот напаѓач Јусуф Мукоко, одби да го продолжи договорот со германскиот клуб, што значи дека европските гиганти ќе тргнат по неговиот потпис.
Мукоко во овој момент има договор со Борусија само до крајот на актуелната сезона, а „Трансфермаркт“ моментално го цени на 30 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Борусија моментално заработува 1,8 милиони евра годишно, а клубот му понуди зголемување на неговата плата на шест милиони по сезона. Но, младиот напаѓач, кој доби минутажа во германската репрезентација на Мундијалот, ја одби понудата.
Агентите на Мукоко наводно на „милионерите“ им порачале дека тој ќе си замине ако неговата плата не биде најмалку седум милиони евра по сезона.
Бидејќи влегува во последните шест месеци од својот договор Мукоко може од јануари да започне преговори со други клубови.
Интерес за него претходно покажаа Челзи и Барселона, а наводно Барселона веќе почнала да работи на неговото доведување како слободен играч следното лето. Мукоко оваа сезона одигра 14 лигашки натпревари за Борусија и постигна шест гола, асистираше за четири.