Легендарниот фудбалер на Селтик, Енди Линч ја разбранува спортската јавност во Британија откако откри дека Стивен Џерард би можел кариерата да ја заврши во Глазгов.
Овие денови медиумите шпекулираат за иднината на Стивен Џерард на кого му завршува договорот со ЛА Галакси.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
„Кога некој ќе поврзе големо фудбалско име со некој клуб од Шкотска, обично велат, е како да не, тоа не е можно, но јас не би го исклучил евентуалното доаѓање на Џерард во Селтик. Јас бев изненаден кога на полувреме од натпреварот Стоук – Ливерпул, Стивен Џерард ми откри дека е навивач на Селтик. Тој со многу страст ми зборуваше. Знам колку само го сака Ливерпул, но не велам дека Селтик го сака помалку од тоа“, смета Енди Линч.
Линч смета дека Џерард одлично би се вклопил во шкотскиот тим и дека тој може многу да помогне за зелените да напредуваат.
„Џерард и Скот Браун би биле фантастичен танден во средината на теренот. Тоа би било идеано и тогаш ќе може да зборуваме за квалитетен тим“, заклучи Линч.