Дома Топ вести БОМБА: Челзи ја плаќа клаузулата за Облак

БОМБА: Челзи ја плаќа клаузулата за Облак

Еминентниот „Мундо Депортиво“ лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Челзи во наредните 48 часа ќе ја активира откупната клаузула на голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак.

Познато е дека „сините“ се во потрага по квалитетен голман откако Куртоа изрази желба да го напушти клубот. Белгиецот има договор со Реал Мадрид и се чека само Челзи да најде замена за трансферот да биде комплетиран.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Од Шпанија пристигнуваат вести дека прв избор на Челзи е голманот на Атлетико, Јан Облак чија откупна клаузула изнесува 100 милиони евра.

Наводно „сините“ се спремни да му понудат двојно поголема плата за да го убедат да се пресели во Лондон и се спремни да ја активираат клаузулата во следните 48 часа.

Доколку трансферот се реализира 25-годишниот Словенец ќе стане најскапиот голман во историјата на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…