Дома Топ вести БОМБА по освојувањето на титулата: Роналдо најави заминување!?

БОМБА по освојувањето на титулата: Роналдо најави заминување!?

Вечерва се одигра финалето во Лигата на шампионите во кое Реал Мадрид го совлада Ливерпул со резултат 3:1.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


За „кралевите“ ова беше трета титула во низа во Лигата на шампионите, во претходните две години ги победуваа Атлетико Мадрид и Јувентус. Но, после завршувањето на натпреварот Кристиано Роналдо даде изјава со која ги исплаши фановите на Реал.

„Убаво беше да се биде дел од Реал Мадрид. Во следните денови ќе ја соопштам мојата одлука“, гласеше изјавата на Роналдо за „beIN Sports“.

По оваа изјава фудбалскиот свет со нетрпение ќе ја чека одлуката на Роналдо, а многумина веројатно си го поставуваат прашањето: Дали Роналдо навистина е спремен да замине или пак само ја користи ситуација за нов договор?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…