Иднината на Пол Погба и ова лето ќе биде една од најжепките теми на трансфер пазарот, бидејќи се погласни се шпекулациите дека Французинот ќе си замине од „Олд Трафорд“.
После лошата сезона Погба е спремен да ја промени средината, а најсилен интерес за неговиот потпис покажува Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зидан по секоја цена го посакува сонародникот во својот тим, но проблем е високата цена од 150 милиони фунти која Манчестер Јунајтед ја постави за неговата слобода.
Сега конечно се огласи Погба на оваа тема и јавно призна дека е спремен да го напушти клубот, со што изврши дополнителен притисок врз раководството на Манчестер Јунајтед.
„Имам уште три години од договорот со Манчестер Јунајтед и досега таму ми беше супер. Имав некои добри моменти, но и лоши моменти, како секој фудбалер. По оваа сезона и се што се случи во неа, и која беше моја најдобра во кариерата сметам дека е добро време да пробам нов предизвик на друго место. Размислувам за тоа, да прифатам нов предизвик во друг клуб“, истакна Погба.
Paul Pogba: “After everything that happened this season, with my season being my best as well … I think for me it could be a good time to have a new challenge somewhere else. I am thinking of this: to have a new challenge somewhere else.“ (Source: Guardian) pic.twitter.com/zvlqshbjzI
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 16, 2019