Чави Ернандез веќе во вторник би можел да ја напушти клупата на Барселона.
Шпанските медиуми ја пренесуваат веста дека 44-годишниот ќе го напушти клубот доколку Барса не успее да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Наполи.
Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓
Чави Ернандез реши да ја напушти Барселона на крајот од оваа сезона. Својата одлука тој веќе одамна ја соопшти на клупското раководство, а иако се споменуваше можност за останување, 44-годишникот не се предомисли.
На крајот може да се случи Чави да ја напушти клупата веќе во вторник и осминафиналето против Наполи да биде негов последен на клупата на каталонскиот гигант. Така барем тврди новинарот Дани Гаридо.
Тој тврди дека Чави ќе стане поранешен ако клубот не се пласира во најдобрите осум екипи во Европа.
„Доколку Барса не се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите, Чави ќе го напушти тимот. Негова замена ќе биде Рафа Маркез“, вели Гаридо.
‼️📻 SOBRE EL FUTURO DEL BARÇA
— Carrusel Deportivo (@carrusel) March 8, 2024
🗣️ "Si el martes el Barça NO se clasifica XAVI fuera y coge el equipo RAFA MÁRQUEZ"
👉🏽 Sique Rodríguez pic.twitter.com/j6I5yC2SMO