Дома Топ вести „Бомба“ од Шпанија: Реал го договори трансферот на Ериксен!

„Бомба“ од Шпанија: Реал го договори трансферот на Ериксен!

Шпанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Реал Мадрид го договорил трансферот на ѕвездата на Тотенхем, Кристиан Ериксен.

Познатата спортска емисија „Ел Чирингуито“ тврди дека данскиот репрезентативец ќе биде претставен како ново засилување на Реал Мадрид само еден ден по финалето во Лигата на шампиони.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Ериксен влегува во последната година од договорот и одби да ја продолжи соработката со „спарси“ бидејќи сака нов предизвик во кариерата.

Поради тоа Тотенхем мораше да се согласи на негова продажба, а медиумите тврдат дека постигнале комплетен договор со Реал Мадрид.

Имено, „кралевите“ за потписот на Ериксен ќе платат 100 милиони евра, а Данецот ќе потпише 4-годишен договор.

Се очекува само да се одигра финалето во ЛШ, па уште следниот ден Реал ќе ја официјализира новата голема аквизиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…