Дома Топ вести „Бомба“ од Шпанија: Гризман прифати помала плата за да се пресели на „Камп Ноу“

„Бомба“ од Шпанија: Гризман прифати помала плата за да се пресели на „Камп Ноу“

Францускиот репрезентативец, Антоан Гризман е отворен за трансфер на „Камп Ноу“ и е спремен да прифати пониска плата, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Минатото лето не сакаше да замине поради суспензијата на Атлетико, зимскиот преоден рок не беше погоден момент поради купувањето на Фелипе Кутињо, но ова лето изгледа е вистинскиот момент за трансфер во Барселона.

Неколку месеци наназад првиот оперативец на Барселона, Роберт Фернандез и неговите соработници го припремаат теренот за еден од најголемите трансфери во шпанскиот фудбал.

Минатото лето Гризман ја одби понудата на Барселона и потпиша нов договор со Атлетико според кој заработува 20 милиони евра по сезона. Меѓутоа, Французинот се покаа поради таквата одлука, па наводно прифатил значително намалување на платата за да се пресели на „Камп Ноу“.

Откупната клаузула во договорот на Гризман изнесува 200 милиони евра, но до 15-ти јуни таа е „само“ 120 милиони евра, сума која Барселона е спремна да ја плати.

Наводно Каталонците се спремни да го продадат Кутињо за да го финансисираат трансферот на францускиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…