Францускиот шампион ПСЖ конечно успеа да го комплетира трансферот на Усман Дембеле од Барселона. Извори блиски до шампионот во Лига 1 ја потврдија оваа вест.
Усман Дембеле по шест години ја напушта Барселона и кариерата ја продолжува во францускиот шампион ПСЖ со кој потпиша петгодишен договор.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сагата околу неговиот потпис траеше доста долго, но синоќа трансферот беше потврден од повеќе извори.
Останува уште официјална најава за трансферот, а тоа би можело да се случи веќе денеска, а играчот треба да биде претставен пред навивачите на мечот со Лориен.
26-годишниот Дембеле не се прослави во редовите на каталонскиот гигант во изминатите шест години, па многумина сметаат дека човекот платен 140 милиони евра е најголемиот неуспех досега.
Повредите го уништија. Не успеа да покаже се што знае, но и покрај сите повреди успеа да одигра 185 натпревари во претходните шест години. Тој постигна учинок од 40 гола и 43 асистенции.
Барса на неговиот трансфер ќе инкасира „само“ 25 милиони евра, а дополнителни 25 милиони од ПСЖ ќе поделат играчот и неговиот агент Муса Сисоко.
PSG sources confirm Ousmane Dembélé finally signed the contract as new Paris Saint-Germain player until June 2028 🔴🔵🇫🇷
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 11, 2023