Дома Македонски спорт Мак фудбал „Бомба“ од Битола: Манасков потпиша за Еурофарм Пелистер!

„Бомба“ од Битола: Манасков потпиша за Еурофарм Пелистер!

Дејан Манасков е нов член на Еурофарм Пелистер и од денес им се става на располагање на новите соиграчи и членовите на стручниот штаб.

Левото крило со богата интернационална кариера се очекува да биде големо засилување за битолскиот состав во вториот дел од сезоната. 31-годишниот Манасков поникна во Металург, ги носеше дресовите на Вецлар, Рајн Некар Левен, Веспрем и Вардар 1961, а со македонската репрезентација беше дел од сите успеси во последната една деценија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Maнасков беше првак на Македонија и Унгарија, неколку пати играше на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн во дресот на Веспрем, ја освојуваше СЕХА лигата, а во својата витрина има многу индивидуални признанија.

Првиот тренинг со новите соиграчи Манасков ќе го има утре, а првиот официјален натпревар е предвиден на почетокот на плеј-офот во февруари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…