Дома Топ вести „Бомба“: Мурињо го носи Азар во Рома

„Бомба“: Мурињо го носи Азар во Рома

Еден Азар на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна пред две години. Од тогаш за Реал одигра само 43 натпревари на кој постигна само пет гола и тоа за играч од негов калибар е очаен учинок.

Двете страни се спремни да ја прекинат соработката ова лето и Реал наводно веќе го ставил Азар на трансфер листа.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Медиумите во Шпанија тврдат дека тој сака назад во Челзи, „сините“ се располжени да го вратат, но на позајмица.

Сега се појави информација дека Жозе Мурињо будно ја следи ситуацијата и сака да го донесе во Рома. Двајцата имаа одлична соработка, па „волчицата“ го сака Белгиецот на позајмица.

Во Реал се надеваат дека Азар може да ја „оживее“ кариерата и да биде оној стариот после една сезона помината на позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…