Дома Топ вести „Бомба“: Милан тргнува по еден од најдобрите играчи за врска во светот!

„Бомба“: Милан тргнува по еден од најдобрите играчи за врска во светот!

Како што пренесува италијанскиот „Calciomercato“, новата управа на Милан има големи планови и за следната година.

На „Сан Сиро“ во овој трансфер период пристигнаа дури седум засилувања, Матео Мусакио, Франк Кеси, Рикардо Родригез, Андре Силва, Фабио Борини, Хакан Чалханоглу и Андреа Конти, а се очекуваат и уште барем две засилувања до крајот на летото.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Сепак, спортскиот директор, Мирабељи и извршниот директор Фасоне размислуваат и за следниот трансфер период, а како што пренесува споменатиот извор, заинтересирани се за еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид.

Управата на италијанскиот клуб е заинтересирана за хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ (31). Како што речиси е сигурно дека во овој трансфер период не може да се пресели на „Сан Сиро“, идејата е тоа да го направат во јануари, кога се верува дека ќе имаат повеќе шанси.

Имено, тие се надеваат дека зголемената конкуренција во средниот ред на Реал Мадрид ќе влијае на минутажата на Модриќ. Касемиро е миленик на Зидан, Крос е малку помлад од Хрватот, а на „Бернабе“ наскоро пристигнува и ѕвездата на шпанскиот фудбал, Дани Себаљос.

Кога на тоа ќе го додадеме и сонародникот на Модриќ, Ковачиќ, кој е далеку подобар од својот сонародник, јасно е дека Модриќ има повеќе тешкотии отколку досега за место во стартниот состав.

Тука Мирабељи и Фасоне ја гледаат својата шанса, па во јануарскиот трансфер период ќе се обидат да го донесат Модриќ во Милан, во кој дефинитивно би имал клчна улога.

Сепак, сето ова делува како премногу амбициозно за управата на Милан, но ќе го почекаме јануари, кога се ќе ни биде разјаснето.

Модриќ има договор со Реал до 2020. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дортмунд го налути „кралот“, хет-трик на Винисиус🎥

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд приредија вистински спектакл со седум гола и на крајот „кр…