Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и пренесуваат дека Милан започнал преговори со ПСЖ за Серхио Рамос.
Милан е во потрага по дефанзивец после повредите на Кјаер и Томори, па Малдини имал разговор со спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Серхио Рамос минатото лето се пресели во ПСЖ како слободен агент, но пропушти поголем дел од сезоната поради повреда.
Шпанецот ретко добива шанса кај „светците“, па Милан сака да го донесе на позајмица до крајот на сезоната.
ПСЖ е спремен да го пушти, па сега се очекува одговор од Рамос, кој не сака да се пресели на позајмица туку во перманентен трансфер.