Дома Фудбал Италија „Бомба“: Зидан го менува Пирло во Јувентус

„Бомба“: Зидан го менува Пирло во Јувентус

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан и сака да го донесе во Торино, тврди трансфер експертот Едуардо Инда.

Зидан оваа сезона не бележи добри резултати во Реал Мадрид и се посилни се шпекулациите дека двете страни ќе се разделат на лето.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Јувентус веќе подолго време сака да го врати Зидан во своите редови и смета дека на лето ќе биде идеална шанса за тоа. Поради тоа „бјанконерите“ се спремни да го сменат Андреа Пирло со францускиот стратег.

„Зидан има големи успеси во Европа и е најуспешен тренер во Лигата на шампиони, поради тоа многу тимови го сакаат. Најсериозен кандидат е Јувентус, кој подолго време ја следи ситуацијата“, открива Инда.

Директорот Павел Недвед е во постојан контакт со својот пријател Зидан и го убедува да седне на кормилото на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Компани откри како ќе изглеа Баерн: Едноставно е, храбро и агресивно

Баерн Минхен потврди дека Винсент Компани е нов тренер и дека ставил потпис на договор со …