Тимот на Шкупи неодамна ја прослави титулата во домашниот шампионат, а сега следува летниот преоден рок во кој чаирчани ќе се обидат да го засилат тимот како за наредната сезона, така и за во Европа.
Според информациите на порталот на албански јазик „Инфоспорт.мк“ Шкупи планира големо засилување и тоа со Бесарт Ибраими. Ибраими неодамна беше дел од грчкиот тим Ксанти, а сега е во потрага по нов предизвик.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во објавениот текст се вели дека раководството на Шкупи веќе стапило во контакт со Ибраими. Сепак, се потенцира дека засега работата не е завршена и ова е само почеток на преговорите. Исто така се споменува дека и Шкендија размислува за враќање на својот поранешен голгетер.
Нема сомневање дека Ибраими би бил големо засилување во нападот и за Шкупи и за Шкендија. Инаку, Ибраими преговарал и со Партизани Тирана, па останува да се види каде искусниот напаѓач ќе ја продолжи кариерата.