Легендарниот Џанлуиџи Буфон најави дека заминува од Јувентус, а кариерата може да ја продолжи во Барселона.
Шпанските медиуми откриваат дека Барселона веќе стапила во контакт со Буфон и може да пристигне на „Камп Ноу“ како слободен агент.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Барселона бара алтернатива за Тер Штеген, но не е спремна да троши пари за втор голман, па Буфон би бил идеално решение.
43-годишниот голман потврди дека го напушта Јувентус, но не зборуваше за завршување на кариерата и е спремен да го слушне понудите кои ќе пристигнат на негова адреса.