Дома Топ вести БОМБА: Барселона испратила спектакуларна понуда за Гризман!

БОМБА: Барселона испратила спектакуларна понуда за Гризман!

griezman

Најдобрите европски клубови полека се спремаат за летниот преоден рок.

Голем дел од кубовите секако ќе издвојат големи средства за засилување, а Барселона во текот на летото ќе бара напаѓач кој ќе го замени Уругваецот, Луис Суарез.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако каталонскиот гигант се поврзуваше со Србинот, Лука Јовиќ од Ајнтрахт изгледа дека Каталонците ќе имаат нов обид да го доведат Антоан Гризман од Атлетико Мадрид.

Реномираниот француски медиум, „Л’Eкип“ тврди дека раководството на каталонскиот гигант испратила официјална понуда! Таа изнесува огромни 16 милиони евра по сезона и се надеваат дека напаѓачот ќе ја прифати нивната понуда.

Гризман пред околу една година се поврзуваше со Барселона. Меѓутоа тогаш до трансферот не дојде. Французинот го продолжи договорот со Атлетико Мадрид и сега тој му важи до 2023 година.

Сепак, сега кога Барселона испратила нова понуда ќе биде интересно да се види дали Гризман ќе ја прифати или повторно ќе се одлучи за останување во Мадрид.

Вредноста на Гризман во овој момент изнесува околу 150 милиони евра и таа сума веројатно ќе биде доволна за Атлетико да го пушти напаѓачот кој има петгодишен договор. Сепак според информациите Барселона понудила нешто помала сума, односно 120 милиони евра.

Францускиот напаѓач член на Атлетико стана во 2014 година. Пристигна од Реал Сосиедад и во Атлетико стана светска класа.
За овој клуб одигра вкупно 247 натпревари и постигна 130 погодоци. Оваа сезона беше стрелец на 18 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Премиерлигашите ја сакаат ѕвездата на Билбао

Неколку клубови од Премиер лигата се силно заинтересирани за бисерот на Атлетик Билбао, Ни…