Дома Топ вести „Бомба“: Арсенал ја активира откупната клаузула на Томас Парти

„Бомба“: Арсенал ја активира откупната клаузула на Томас Парти

Вистинска трансфер „бомба“ во последниот ден од трансфер пазарот – Арсенал ја активира откупната клаузула на играчот на Атлетико Мадрид, Томас Парти.

Според информациите од Островот, „топџиите“ веќе спремиле 46 милиони фунти и го информирале Атлетико дека ќе ја платат откупната клаузула.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Топџиите“ имаат договор за 5-годишна соработка со играчот за врска, па се очекува трансферот да биде комплетиран до крајот на денот.

Арсенал беше во потрага по квалитетен играч за врска, а Парти беше најголема желба на тренерот Артета, меѓутоа „јорганџиите“ воопшто не сакаа да преговараат за трансфер.

Поради тоа Арсенал се одлучи да ја активира откупната клаузула и тоа во последниот ден од трансфер пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…