Дома Топ вести „Бомба“од Каталонија: Барселона почна преговори со Донарума

„Бомба“од Каталонија: Барселона почна преговори со Донарума

Веќе започна борбата за потписот на Џанлуиџи Донарума, откако стана јасно дека голманот го напушта Милан како слободен агент.

Милан не сакаше да му даде на Раиола провизија од 20 милиони евра и плата од 10 милиони евра по сезона на Донарума.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тоа се барањата на Раиола од сите заинтересирани клубови, а јасно е дека само неколку клуба можат да си го дозволат тоа.

Последните информации од Шпанија се дека Барселона ги започнала преговорите со Донарума и е спремна да му понуди 10 милиони евра по сезона.

Мино Раиола пред неколку дена имал средба со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, а тема на состанокот бил токму Донарума.

Лапорта е воодушевен од идејата да го ангажира Донарума без обештетување, а тоа ќе му отвори простор за продажба на Тер Штеген.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…