Ѕвездата на Челзи, Нголо Канте наскоро ќе потпише нов договор со клубот од „Стенфорд Бриџ“, пренесуваат англиските медиуми.
27-годишниот француски репрезентативец има договор со „сините“ до јуни 2021 година, но Челзи сака да му понуди догорочен договор со подобри услови за да ги запре нападите кон играчот од страна на Пари Сент Жермен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите кои пристигнуваат од Островот, Канте со новиот договор ќе стане најплатен фудбалер на Челзи и ќе заработува повеќе од Азар. Белгиецот во моментов добива 220.000 фунти неделно, а Французинот би требало да заработува помеѓу 300 и 350.000 фунти неделно.
Канте беше трансфер цел на ПСЖ кој во текот на летото испрати понуда од 80 милиони евра и му понуди двојно повисока плата, но Французинот реши да остане на „Стенфорд Бриџ“.
Поради тоа како награда ќе добие нов договор според кој ќе биде еден од најплатените фудбалери во Премиер лигата.
Chelsea Reportedly Offer NGolo Kante New Contract Amid PSG Rumours https://t.co/ih4M6Ry1P0 pic.twitter.com/rSH8g8v7FD
— Zesty Chelsea FC (@zesty_chelsea) October 14, 2018