Легендата на хрватскиот фудбал и поранешен ас на Милан, Звонимир Бобан во опширно интервју зборуваше за неверојатниот талент на југословенската селекција.
„Пред распадот, Југославија беше најталентираната селекција која се појавила во Европа. Да се играше со 10 топки, веројатни ќе бевме шампиони во се. Но, не мислам дека ќе успеевме. Едноставно, во еден тим нема место за толку многу талентирани играчи“, смета Бобан.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
„Го имавме единствениот Стојковиќ, генијалецот Савичевиќ, префинетиот мајстор Просинечки… Тоа е толку многу талент на едно место што тешко е да го вклопите. Јас на пример мораше да играм како крило, во спротувно немаше да бидам во тимот“, додаде легендарниот плејмејкер.
Бобан остана запаметен и по нападот на полицаецот на дуелот против Црвена Звезда 13-ти мај 1990 година на „Максимир“.
„Тоа беше знак на отпор против режимот и востание на сите. Но јас бев Бобан, десетката од Динамо, тоа беше разликата. Се борев против системот, а не протов Србите. Како можев да го правам тоа кога имав пријатели Срби и играв со нив во ист тим“, објаснува Бобан.