Искусниот фудбалер Кевин-Принс Боатенг ја напушти Фиорентина по само шест месеци.
Боатенг во Фиренца пристигна после полусезона во дресот во Барселона, каде не се изнаигра. Сепак, овој 32-годишен напаѓач во дресот на Фиорентина играше само пола година, а во финишот на зимскиот преоден рок повторно го промени клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На последниот ден од јануарскиот рок беше објавено дека Боатенг повеќе не е член на Фиорентина и дека ја продолжува кариерата во Бешикташ. Боатенг пристигна во Бешикташ на позајмица до крајот на сезоната, а во текот на летото ќе може да дојде во турскиот клуб без обештетување бидејќи му истекува договорот во Фиренца.
Искусниот играч за турските медиуми призна дека отсекогаш сакал да игра во дресот на Бешикташ. Од детството, тој има многу пријатели кои се по потекло од Турција и се големи навивачи на Бешикташ.
„Секогаш сакав да дојдам во Турција и Бешикташ. Тоа беше мојот приоритет и сега конечно дојде можноста. Во Берлин имав многу турски пријатели кои се поддржувачи на Бешикташ. Кога дојдов тука, ми испратија порака и ми рекоа:„Конечно си дома“. Кога пристигна понудата, не размислував многу и веднаш му реков на агентот да ја прифати. Мојот сон секогаш беше да играм овде и пресреќен сум што се исполни“ – изјави Боатенг.