Дефанзивецот Жером Боатенг ова лето со сигурност ќе го напушти Баерн Минхен.
Искусниот дефанзивец оваа сезона го загуби местото во стартниот тим, а покрај тоа беше изоставен од националниот тим.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Минатото лето Баварците му поставија цена од 50 милиони евра, но никој од заинтересираните клубови не сакаша да ја плати таа сума.
Германските медиуми пренесуваат дека Боатенг ова лето може да си замине за 30 милиони евра, а според „Билд“ главен кандидат за неговиот потпис и италијанскиот гигант Милан.
Наводно „нероаѕурите“ веќе стапиле во контакт со неговите менаџери и се спремни да понудат 20 милиони евра за неговиот потпис.
30-годишниот дефанзивец е во лоши односи со тренерот Ковач и беше единствен кој не присуствуваше на забава после освоената титула во саботата, што е јасен сигнал дека ќе го напушти клубот.