Дома Фудбал Боатенг изгледа ја доби последната шанса да докаже дека не залутал во Барселона

Боатенг изгледа ја доби последната шанса да докаже дека не залутал во Барселона

boateng

Еден од најизненадувачките и најчудните трансфери екипата на Барселона го направи ова лето кога од редовите на Сасуоло го ангажираше Кевин Принс Боатенг.

Луис Суарез се повреди и ќе биде надвор од терените 10 до 15 дена, откако заработи повреда во вчерашниот настап против Реал Бетис.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Ова би требало да биде прилика за Кевин Принс Боатенг конечно да заигра во натпреварот против Еспањол после репрезентативната пауза.

Суарез ќе ги пропушти натпреварите на репрезентацијата ,а Уругвај додека Валверде нема да ризикува со него против Еспањол. На стратегот на Барселона секако му е многу поважно да го има Уругваецот на располагање за натпреварот против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите.

Од кога Боатенг пристигна во Барселона во зимскиот преоден рок одигра само два натпревари.

Тој играше во натпреварот од шпанскиот куп против Севиља каде што доби прилика од првата минута. Тогаш Валверде го замени во 63-тата минута, а после тоа одигра против Ваљадолид 59 минути и тоа беше се од неговата минутажа.

Јасно беше дека Боатенг не доаѓа во Барселона да биде стартер, но сигурно дека се очекуваше да има повеќе минути.

Градското дерби против Еспањол може да биде идеална, а воедно и последна прилика за Боатенг да покаже дека не залутал во дресот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ериксен сруши рекорд во репрезентацијата на Данска

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен во натпреварот против Србија испиша рекорд ста…