Дома Фудбал Останато Блатер открива: Тогаш кажав дека Меси е подобар од Роналдо, а потоа ме побара Перез

Блатер открива: Тогаш кажав дека Меси е подобар од Роналдо, а потоа ме побара Перез

Поранешниот прв човек на ФИФА Сеп Блатер даде интересно интервју за „Би-Би-Си“ во кое откри некои необични работи околу доделувањето на Златната топка во 2013 година.

Освојувач таа година беше Кристиано Роналдо, а втор беше Меси, трет Франк Рибери.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред доделувањето на наградата Блатер јавно изјавил дека за него Меси е подобар фудбалер од Роналдо, а нешто подоцна добил повик од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

„Пред доделувањето на Златната топка во 2013 година изјавив дека Меси е мојот фаворит. Набрзо потоа медиумите ја пренесоа таа моја изјава. Изјавата стигна и до Перез кој ме побара и ми кажа да ја повлечам таа изјава или да ја променам. Му одговорив дека сите имаме право на глас и дека станува збор за работа на вкус. Перез во текот на разговорот ме потсети дека сум почесен член на Реал и дека тој како претседател не може да дозволи така да зборуваат неговите луѓе. Златната топка таа година ја освои Роналдо“, изјави Блатер.

Ќе потсетиме Блатер е надвор од фудбалот откако се докажа дека примил мито за Катар да го добие домаќинството на Светското првенство во 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

УЕФА ќе го „казни“ судијата поради грешката на мечот Реал-Баерн

Полскиот судија Шимон Марчињак ќе биде санкциониран од УЕФА за пропустот кој го направи во…