Дома Фудбал Италија Битка за Рим: „Вечните ривали“ играат дерби кое може да биде клучно за европските амбиции!

Битка за Рим: „Вечните ривали“ играат дерби кое може да биде клучно за европските амбиции!

Вечните ривали Рома и Лацио ќе бијат битка на „Стадио Олимпико“ во сабота. Познатото „Дерби дела Капитале“ треба да се покаже решавачко за европските аспирации на двата клуба.

Додека Лацио на Симоне Инзаги се уште е аутсајдер во трката за пласман во топ 4 во Серија А, нивните најлути непријатели имаат за цел барем пласман во Лигата на Европа.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Секогаш ова била една од најжестоките битки во Калчото. Ова е вистинско дерби во секоја смисла на зборот, без разлика во која форма и со какви амбиции биле двете екипи низ историјата. Почнувајќи од ривалитетот на теренот, продолжувајќи кон омразата на навивачите од двете страни, главниот град е секогаш поделен на два дела. Овој пат, мечот привлекува уште поголемо внимание ако се знае дека овој дуел може да се покаже како клучен за аспирациите на двете екипи.

Меч од голема важност за амбициите на Лацио

Минатата сезона, кога Лацио заврши осум бода пред ривалот, двата натпревари меѓу двете екипи завршија со 1:1. Кога нивното епско ривалство беше обновено на почетокот на оваа година, Лацио беше супериорен и славеше со 3:0.

По испаѓањето од Лигата на шампионите од Баерн Минхен во средината на март, Лацио победи на седум од деветте натпревари во лигата од тогаш, губејќи само од Наполи и од Фиорентина.

Сепак, Лацио сезонава многу тешко игра на гостувањата. Тешко играат и кога гостуваат кај Рома, па така од 2013 година имаат само една победа на ова тешко гостување. Позитивно за нив е тоа што на пследните пет натпревари секогаш давале гол кај Рома.

Историски гледано, Лацио има само 39 средби во Серија А наспроти 54 победи на Рома, нешто што ќе биде тешко да се достигне во наредните години.

Во моментов Лацио со 67 бода е на 6-то место, но сите екипи пред него имаат натпревар повеќе. Доколку слават победа ќе бидат на само три бода од местата кои водат во Лигата на Шампиони на две кола до крајот и тоа е нивниот најголем влог сезонава.

Рома никако да излезе од очајната форма

По серија од шест натпревари без победа во сите натпреварувања – вклучително и неколку неуспеси против најдобропласираните екипи – тимот на Рома ги загуби шансите за пласман во Лигата на Шампиони. И не само тоа, туку тие не се сигурни ниту во пласман во Лигата на Европа. Катастрофалната серија значеше и испаѓање од Лигата на Европа кога беа декласирани во Манчестер со 6:2. Сепак токму на возвратниот дуел беше прекината таа серија. Рома славеше над тимот на Солскер со 3:2, па дојде конечно и победа во Сеија А над Кротоне со 5:0.

Сепак, „нероазурите“ на Конте минатото коло славеа со 3:1. Тренерот во заминување, Пауло Фонсека, повторно ја презеде целосната одговорност врз себе, бидејќи неговата цел барем да обезбеди враќање во елитното континентално натпреварување следната сезона, остана недостижно. Всушност, тимот на Фонсека сега победи на само два од последните 10 натпревари во лигата. Се наоѓаат на седото место со само два бода повеќе од Сасуоло и мораат да го задржат тоа место ако сакаат во Европа следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…