Дома Трансфер зона Битката околу најпосакуваниот стопер повторно отворена: Ливерпул очекува конкуренцијата да не го понуди бараното „богатство“

Битката околу најпосакуваниот стопер повторно отворена: Ливерпул очекува конкуренцијата да не го понуди бараното „богатство“

Избраниците на Јирген Клоп оваа сезона нудат солидни резултати, иако не стартуваа на добар начин.

Мохамед Салах ги „извади“ со своите одлични партии, моментално се наоѓаат на шестата позиција во ПЛ, но со победа против Борнмаут во 18. коло би можеле да се искачат на четвртата позиција.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Обраната и оваа сезона е најголемата болка за „Црвените“, примија 20 погодоци, често губеа и бодови поради грешките на дефанзивците.

Јасно е дека во јануари би било најдобро да се ангажира засилување токму во задната линија, особено не штима на стопертските позиции, а не е тајна дека првиот пик на стручниот штаб и управата е дефанзивецот на Саутемптон, Вирџил Ван Дајк.

Некогашниот фудбалер на Гронинген и Селтик, изминатата сезона го привлече вниманието на голем број клубови, летово Ливерпул беше заинтересиран да го ангажира, но клубот одлучи тој да остане во Саутемптон.

Верува дека „Светците“ би ја прифатиле понудата тешка 80 милиони евра, но управата на Ливерпул нема намера да плати толку за неговите услуги.

За Ван Дајк, голем интерес покажаа Манчестер Сити, но и Челзи, па останува да се види дали некој од нив ќе успее да ја понуди сумата која му е ставена.

Во случај да не биде така, а Холанѓанецот продолжи со инсистирање да го напушти клубот, „Црвените“ ќе добијат нова шанса, посебено бидејќи Ван Дајк би сакал да заигра на „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…