Како што стојат работите се погласни се најавите дека Ерлинг Халанд од лето ќе има нов клуб. Шпекулациите се дека Норвежанецот веќе ги договорил личните услови со Манчестер Сити.
Новинарот на Билд“, Кристијан Фалк сега пренесува нови информации според кои во Борусија веќе знаат дека Халанд си заминува. „Милионерите“ не можат ништо да направат ако некој клуб се реши да ја плати откупната клазула од 75 милиони евра што и не е преголема сума ако се знаат денешните услови во фудбалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, во Манчестер Сити Халанд ќе добива плата од 500.000 фунти неделно. Интерес за Халанд имаше и од Реал Мадрид, ПСЖ и Барселона, меѓутоа изгледа тој се одлучил за трансфер во Премиер лигата и соработка со Пеп Гвардиола.