Дома Фудбал Англија Бизарно: Маскота доби отказ во Англија затоа што премногу се „пуштал“ на девојки

Бизарно: Маскота доби отказ во Англија затоа што премногу се „пуштал“ на девојки

Познатиот англиски клуб, Квинс Парк Ренџерс ја отпушти својата маскота затоа што бил „премногу близок со жените на стадионот и флертувал со нив“.

Наводно отказот дошол откако претходно неколку пати бил предупредуван. Џуд маскота на клубот беше од 2008 година, а името го доби по мачката на стадионот. Сега клубот ќе мора да побара нов човек кој во костум на мачка ќе ги забавува навивачите.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Неколку луѓе се жалеа дека повеќе флертувал со жените на стадионот отколку што го бодрел тимот. Доби неколку предупредувања, но не го промени својот став. Клубот немаше избор“, изјавил неименуван извор за „Сан“.

Квинс Парк последен пат во Премиер лигата играше во сезоната 2015/2016, а од тогаш најдобар пласман му беше деветтото место во Чемпионшип. Минатата сезона едвај се спаси од испаѓање во третиот ранг, а во овој момент е на 16. позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Раниери ги предупреди своите фудбалери: Тотенхем е како автомобил кој вози со полна гас!

Искусниот Клаудио Раниери испрати предупредување до Тотенхем пред вечерашниот натпревар во…