Дома Останати Тенис Бизарно или не Надал е таков: Ова се рутините од кои никогаш не отстапува

Бизарно или не Надал е таков: Ова се рутините од кои никогаш не отстапува

Рафаел Надал лесно се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон откако денес во три сета го совлада Португалецот Жоа Соуза.

Вториот тенисер во светот и еден од најголемите во историјата така го продолжи својот пат на најголемиот тениски Грен Слем, а во четвртфиналето ќе игра против Американецот Квери.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Надал во кариерата има две титули на Вимблдон од 2008 и 2010 година и дури 12 титули на Ролан Гарос. И покрај таквите достигнувања Надала и понатаму има бројни критичари кои најмногу му замеруваат за однесувањето на теренот. Надал е еден од најсуеверените тенисери и има строги правила до кои се држи на секој меч.
Исто беше и денес против Соуза.

Пред влегувањето на теренот тој доаѓа до своето место ја соблекува јакната, потскокунува и ја гледа публиката. Потоа распоредува две шишенца со вода. Едната мора да биде ладна, а другата со собна температура. Тие мораат да бидат поставени така што етикетите да бидат свртени кон теренот.

Потоа го зима енергетскиот гел кој секогаш го притиска четири пати. Во текот на фрлањето паричка тој потскокнува, а кога ќе се одлучи кој прв сервира со спринт оди до основната линија.

Кога ќе започне мечот негова најпозната рутина е онаа во текот на сервисот. Прво ги повлекува шорцевите, па ја допира маицата по левото и десното рамо. Потоа го допира носот, левото уво, повторно носот, а после и десното уво. На вториот сервис сето тоа се повторува, но без допирот на рамената.

Кога игра на земја пред секој сервис ја чисти основата линија. На противникот секогаш му дозволува прв да седне на столчето помеѓу гејмовите, а на почеток на гејмовите никогаш не станува пред противникот.

Бизарно или не, Надал е таков и никогаш не отстапува од овие свои рутини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Во терористичкиот напад во Москва била убиена и репрезентативка на Русија

На 22 март во Москва се случи терористички напад во кој според досега собраните информации…