Дома Останати Тенис Бизарни сцени на УС Опен. Сите натпревари прекинати поради необична причина

Бизарни сцени на УС Опен. Сите натпревари прекинати поради необична причина

Сите натпревари на УС Опен кои се одиграа во попладневната сесија беа прекинати десет минути од бизарна причина.

Во зградата каде што е поставен системот „сокол-око“, односно системот за електронско судење, се огласил аларм за пожар и сите морале да ја напуштат зградата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Веста стигна до супервизорите на турнирот, а потоа и до судиите на теренот, кои им објаснија на тенисерите дека мора да го прекинат мечот.

Потоа се покажа дека станува збор за лажна тревога, па персоналот кој го одржува системот брзо се врати на своите места и натпреварите продолжија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Идол ми е Новак Ѓоковиќ, сакам да освојам многу Гренд слемови“: На само 17 години тенисер сонува да биде најдобар во свет

Францускиот малолетен тенисер Моисе Куаме направи вистинска сензација по првото коло на ту…