Шпанските медуми откриваат дека минатата недела менаџерот на Герет Бејл имал таен состанок со челниците на Манчестер Јунајтед.
Бејл е желба на Манчестер Јунајтед веќе неколку години, но „црвените ѓаволи“ иако се обидоа неколку пати, сепак не успеаа да го доведат од Реал Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанските медиуми тврдат дека Бејл не е задоволен во Мадрид бидејќи го нема истиот статус на Кристиано Роналдо, иако експертите тврдат дека Велшанецот минатата сезона беше поважен за „кралевите“ од Португалецот.
Денес медиумите откриваат дека менаџерот на Бејл, Џонатан Барнет минатата недела имал состоанок со Жозе Мурињо и Ед Вудворд на кој разговарале за можниот трансфер на Велшанецот во Манчестер Јунајтед.
Притоа, „Адидас“ кој е спонзор на Манчестер Јунајтед, но и на самиот Бејл има голема желба играчот да се пресели на Островот и му нуди побогат спонзорски договор.
Бејл има договор со Реал до 2019 година, но веќе се почнати преговори за продолжување, сепак Јунајтед сака да го убеди играчот да го одбие новиот договор и да се пресели на „Олд Тафорд“.