Дома Топ вести Бејл го пропушта „Ел Класико“, Реал стравува од подолга пауза!

Бејл го пропушта „Ел Класико“, Реал стравува од подолга пауза!

Реал Мадрид ќе биде значително ослабен во пресрет на „Ел Класико“, откако денес беше потврдено дека Герет Бејл нема да игра на престојното дерби кое на програмата е на 3-ти декември.

Велшанецот се повреди на дуелот против Спортинг Лисабон и мораше да го напушти теренот со повреда на десниот скочен зглоб.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


„Кралевите“ не открија колку време играчот ќе биде надвор од стројот, но според медиумите од Шпанија, Герет Бејл ќе паузира од три до четири недели.

Отсуството од терените може да биде подолго доколку биде одлучено играчот да замине „под нож“, опција која ќе се разгледува во следните денови.

Конечната одлука се очекува да биде донесена во текот на денешниот ден, но во случај лекарите на „кралскиот“ клуб да се одлучат за посигурната која опфаќа хируршка интервенција, тогаш Бејл ќе отсуствува од терените во период од два до два ипол месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фудбалерот на Реал Мадрид пред 320 дена вредеше 300.000, а денес 40 милиони евра

Раул Асенсио ќе игра на Светското клупско првенство за Реал Мадрид. Неговиот настап го нај…