Дома Фудбал Бејл: Ако сакаат да заминам нека ми платат 51 милион евра, ако не ќе седам тука и ќе играм голф

Бејл: Ако сакаат да заминам нека ми платат 51 милион евра, ако не ќе седам тука и ќе играм голф

Велшкиот фудбалер Герет Бејл е непожелен во Реал Мадрид тоа го потврди Зидан со својата изјава после вчерашниот натпревар, но Бејл ќе замине само ако Реал му ја исплати цела сума од договорот.

Зидан после вчерашниот натпревар против Бетис во последното коло од шпанската Ла Лига изјави дека клубот ќе направи се за да се ослободи од Герет Бејл.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Бејл веќе некое време добива свирежи од навивачите на „кралевите“ кои се надеваат дека тој ќе си замине ова лето. Навивачите ќе бидат уште повеќе лути на Бејл после неговата последна изјава.

„Имам уште три години од договорот. Ако сакаат да заминам ќе мора да ми исплатат 17 милиони евра по сезона, а ако не сакаат да ми ги дадат тие пари јас ќе останам тука и ќе играм голф во наредните три години“, изјави Бејл.

За Бејл Реал Мадрид плати 105 милиони евра летото 2013 година кога пристигна од редовите на Тотенхем. Со „кралевите“ тој освои четири титули во Лигата на шампионите, но имаше и големи проблеми со повредите.

Сепак, ако судиме според последната изјава него не му е премногу до играње фудбал, поважно му е да ги добие милионите од договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На клупата на Реал тагува момче од 50 милиони, изразот на лицето кажува сѐ!

Ендрик пристигна во Реал Мадрид како тинејџер. Се зборуваше за него дека е новиот Роналдо …