Поранешниот напаѓач на Ливерпул и Манчестер Сити, Велшанецот Крег Белами прогласи банкрот.
По завршувањето на фудбалската кариера, Белами стана инвеститор во 2014 година, но не се прослави во овој бизнис. Поради лошите инвестиции изгуби се што заработи во кариерата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Во последните 5-6 години живеам осуден на смрт, само чекам некој да ми го зададе последниот удар. Се чувствувам како да не можам повеќе на ништо да се радувам. Се исчезна. Немам финансиска иднина. Не можам ништо, затоа што скоро ништо не поседувам. Готово е“, изјави Белами за „Дејли Мејл“.
Белами веќе нема имот, а станот во кој живее 43-годишниот го плаќа Барнли, каде што е помошник тренер е.
„Сакам ова да биде предупредување на останатите фудбалери. Знам дека може да помислат дека сум ги потрошил парите на пиење, коцкање или дрога, но не е така. Не ме интересираат такви работи. За жал се коцкав со луѓе. Каде и да одите ви наплатуваат повеќе отколку што тоа нешто вистински вреди, ве ограбуваат. Луѓето си мислат: Не е важно, тој има многу пари нема ниту да примети““.
„Се чувствувам виновен што кажував „да“ кога луѓето ќе бараа помош, никогаш не велев „не“. Сега не сум во контакт со тие луѓе. Постои некој кој му помогнав да застане на нозе, живееше со мене и потоа ме ограби. Бевме најдобри пријатели“, изјави поранешниот играч на Ливерпул и Манчестер Сити.